Информациите за поголем модел од Honor X10 линијата се појавуваат веќе извесно време, а сега е официјално потврдено кога телефоните ќе бидат претставени. Уредот ќе го носи името Honor X10 Max и ќе биде официјално претставен на 2. јули.
Според информациите од официјалниот Weibo профил, смартфонот ќе има 5G конекција. Тука е и фотографија од уредот која покажува засек за предната камера, како и сензор за отпрчатоци од прсти од десната страна на рамката. Honor X10 Max би требало да го понуди истото Magic искуство како Honor X10, само на поголем екран.
Спецификациите на телефонот не се официјално објавени, но благодарение на дојавувач имаме информации за тоа што може да се очекува. Се споменува Dimensity 800 чипсет, 7.09-инчен Full HD+ екран, 5000mAh батерија со поддршка за 22.5W брзо полнење.
Останатите спецификации вклучуваат 48MP главна камера, 8MP селфи камера, Android 10 со Magic UI 3.1.1 интерфејс. Димензиите на Honor X10 Max ќе изнесуваат 174,46 x 84,91 x 8,9 mm, ќе има тежина од 227 грама и се очекува во три бои – црна, сина и сребрена.