Следниот премиум таблет на Samsung ќе биде претставен на 5. август, а најголем дел од проетечените вести сугерираат дека покрај стандардниот Galaxy Tab S7 модел, ќе постои и Plus модел од овој уред.

Сега се појавија сертификати и фотографии од огромната батерија која ќе ја користи Galaxy Tab S7+ моделот. TUV Rheinland и Safety Korea сертификатите покажуваат батерија од 9800mAh, со типичен капацитет од 10090mAh. Информации за сличен капацитет се појавуваа и порано, така што новите детали пристигнуваат како јасна потврда.

Кога се во прашање спецификациите, главната разлика помеѓу стандардниот Galaxy Tab S7 и Plus моделот ќе биде големината. Стандардниот таблер ќе има 11-инчен OLED панел, додека Tab S7+ пристигнува со екран од 12,4 инчи. Двата екрана ќе имаат висока стапка на освежување од 120Hz.

Таблет уредите ќе ги покренува Snapdragon 865 чипсет и ќе има поддршка за 5G конекција. Можно е дека помеѓу двата модела ќе постојат разлики од конфигурациите на меморија, а исто така, стандардниот Tab S7 ќе го напојува и помала батерија од 7700mAh.