Компанијата Tesla е најпозната по производство на автомобили, но се занимава и со други работи. Една од нив е развојот, производството и продажба на соларни панели – со класичен облик и во вид на соларни плочки. Додека соларните плочки се наменети за домаќинствата, соларните панели се наменети и за индустријата.
За на своите корисници да им обезбеди максимум перформанси, компанијата успеа да оствари околу 10 проценти подобра ефикасност на своите нови модели на панели, при што ја намали нивната цена. Ако се земе во предвид дека димензиите на панелите останаa исти, можеме да кажеме дека се работи за импресивно подобрување.
Пред унапредувањето, Tesla соларните панели со средна големина произведувa 7.56 kW, а сега оваа вредност е подигната на 8.16 kW. При тоа, цената падна од 19.500 долари на 16.000 долари. Со зголемување на ефикасноста и падот на цената од околу 17 проценти, Tesla сигурно ќе успее да убеди многу сопственици на куќи на преминат на соларната енергија.
Сепак, треба да се земе в предвид уште една работа. Се покажа дека соларните панели на Tesla можат да предизвикаат пожари – тоа веќе еднаш се случи во еден магацин на Walmart и еден на Amazon. Поради тоа, компанијата неодамна ги откажа резервациите за своите панели, од кои некои се стари и повеќе од една година. Да се надеваме дека со новите панели ги решиле тие проблеми и дека нивната зголемена ефикасност нема да предизвика секундарни проблеми.
Поврзани артикли