Веќе извесно време е познато дека Adobe ќе престане да го поддржува Flash до крајот на 2020. година, а сега се појавија информации за тоа колку компанијата агресивно да го спроведува овој план. Според наводите, Adobe подоцна во текот на годината од корисниците ќе бара да го избришат Flash од своите уреди.

Покрај тоа што повеќе нема да нуди можност за преземање на Flash, компанијата ги предупредува и корисниците дека од 2021. година ќе блокира пуштање на било каква Flash содржина во плеерот. Flash е познат по тоа што претставува кошмар кога станува збор за сигурноста. Секако, без официјална поддршка напаѓачите би биле уште повеќе охрабрени да ја искористат ранливоста на платформата.

Adobe Flash играше значајна улога во развојот на многу делови ширум интернетот, особено во 90-тите и раните 2000-ти години. Нудеше помош кај веб-страниците при анимации, игри и видеа.

На почетокот, дури и YouTube беше зависен од Flash за стримување на своите видеа. Но, во првата половина од првата декада во новиот милениум, Flash стана сѐ помалку и помалку популарен поради појавата на други помоќни платформи, како HTML 5 и CSS 3. Покрај тоа, имаше потреба од поефикасна алатка за работата на смартфоните.

Веќе во 2010 година почна да се насетува крајот на Adobe Flash. Тогаш Стив Џобс, основачот на Apple, објасни зошто неговите продукти како iPad, iPhone и други не можат да работат со Flash. Со оглед на популарноста на производите на Apple, јасно е зошто употребата на Flash драстично опадна.