Се очекува дека Samsung Galaxy Note20 линија ќе пристигне во две верзии – стандардна и Plus, која би можела да го носи името Ultra. Сега дојавувачот Ice Universe објавува некои спецификации и димензии за Galaxy Note20 Ultra.
Телефонот ќе биде наследник на Galaxy Note10+ моделот и би требало да користи Snapdragon 865+ чипсет (кој се уште не е објавен). Note20 Ultra ќе биде потесен, со помали рамки и помал punch-hole отвор за една селфи камера.
Уредот ќе има 120Hz дисплеј со QHD+ резолуција, а самиот екран ќе биде LTPO OLED тип, што ќе овозможи подобро управување со потрошувачката на батеријата.
Кога е во прашање големината, Galaxy Note20 Ultra ќе биде за 0,3 милиметри потенок, додека отворот за предната камера е намален за 1 мм во дијаметарот. Рамките од страна ќе биде потесни од оние на Galaxy Note10+ моделот за 0,29 милиметри. Горните и долните рамки, исто така, се намалени и потесни за 0,4 милиметри.
— Ice universe (@UniverseIce) June 19, 2020
Се верува дека Samsung Galaxy Note20 линијата ќе пристигне во текот на август.