Mozilla објави дека претстојниот платен VPN (virtual private network) сервис на компанијата, во текот на следните некоилку недели излегува од фазата на бета тестирање. Производот официјално ќе го носи името Mozilla VPN, отфрлајќи го првобитниот Firefox Private Network VPN бренд.
Firefox Private Network сервисот е претставен во септември минатата година, како екстензија за браузерот и дел од Mozilla Test Pilot програмата за корисници во САД. Потоа, претходно оваа година, достапноста на апликациите е проширена на Android, Windows и Chrome OS платформата.
Mozilla истакнува дека преку овој проект потврдила некои хипотези и идентификувала битни приоритети за иднината. На пример, над 70 проценти бета тестери истакнува дека VPN им помага да се чувствуваат помоќно, сигурно и независно кога се онлајн. Покрај тоа, 83 проценти од бета тестерите истакнаа дека VPN е лесен за користење.
Mozilla VPN ќе биде достапен за Windows, Android и iOS, по цена од пет долари месечно, во текот на лимитираниот период, кога ќе се стане официјален производ. Сервисот најпрвин ќе биде достапен во САД, но ќе се прошири на другите региони подоцна во текот на годината. Се очекува објава на сервисот и за macOS платформата во иднина.