Претходните извештаи сугерираа дека Galaxy Note20+ ќе има подобри спецификации и подобар дисплеј од она што ќе го нуди стандардната верзија на смартфонот. Меѓутоа, најновите гласини сугерираат уште поголеми разлики помеѓу двата модела.
Според наводите на дојавувачот Ice Universe, Samsung Galaxy Note20 ќе има рамен екран, со FHD резолуција и освежување од 60Hz. Гласините претходно споменуваа дека Galaxy Note20 нема да има закривен дисплеј, ни 120Hz освежување на екранот со LTPO технологија, за разлика од Plus варијантата. Меѓутоа, во овој момент гласините сугерираат спецификации на екранот, кои се послаби и од оние на Note10 моделот.
Дојавувачот, исто така, верува дека Samsung се одлучил за ова со цел купувачите да ги мотивираат да го купат подобро опремениот и поскап модел на телефон. Новата Note 20 серија би требало да биде претставена за помалку од два месеца, така што не очекуваат уште протечени информации за овие уреди.
Поврзани артикли