OnePlus на 2. јули ќе претстави неколку нови телевизори, а основачот и извршен директор Пит Лау истакнува дека новите модели ќе бидат подостапни и „попаметни“. Во новата блог објава, Лау истакна повеќе детали за телевизорите – ќе имаат 93% DCI-P3 попкриеност и ќе добијат Dolby Vision сертификат како актуелниот OnePlus QLED 55″ 4K TV модел.
Објаснето е и поради што е битна DCI-P3 поддршката – Во ерата на HDR видеата, DCI-P3 стандардот станува главен избор на креаторите на содржини. Бидејќи достигнувањето на покриеност од 100% е исклучително тешко, OnePlus ќе се задоволи со поддршка од 93 проценти на покриеноста на гамутот на бои.
OnePlus разви и пакет технологии за да го подобри квалитетот на сликата, а тие го носат името Gamma Engine. Технологиите вклучуваат различни подобрувања на процесирањето, како што се супер резолуција, динамички контраст, MEMC и друго.
Компанијата повторно соработува со Dolby Labs и на претсојните телевизори ќе го имплементира Dolby Vision, што дополнително ќе го подобри квалитетот на сликата. Лау во објавата вети уште повеќе стандарди и високи очекувања за новите OnePlus телевизори, а за деталите ќе мораме да го почекаме 2. јули.