Тајванската компанија HTC претстави два нови паметни телефона од средниот сегмент на пазарот: HTC U20 5G и HTC Desire 20 Pro. Двата смартфона ги карактеризира систем со четири камери и 5000mAh батерија, а првобитно ќе бидат лимитирани за пазарот на Тајван. Нема информации за потенцијалната глобална достапност.
HTC U20 5G е најновиот телефон на HTC од средна класа, како и прв модел на компанијата со 5G konekcija. Уредот поседува 6,8-инчен FHD+ LCD екран, со punch-hole отвор за 32MP селфи камера и 20:9 однос на страници.
На задната страна на уредот се наоѓа сензор за отпечатоци од прсти и четири камери: 48MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Телефонот го покренува Snapdragon 765G чипсет, со 8GB RAM и 256GB простор за складирање, проширлив преку microSD слот.
Батеријата со капацитет 5000mAh, има поддршка за 18W полнење. За софтверска поддршка е задолжен Android 10, а тука е и NFC.
HTC Desire 20 Pro пристигнува со нешто послаби карактеристики од U20 5G моделот. Смартфонот има 6,5-инчен FHD+ LCD екран, со 25MP селфи камера и 19.5:9 однос на страници. На задната страна се наоѓа ист систем на камери како кај U20 5G моделот, а читачот за отпечатоци од прсти, исто така, е сместен одзади.
Телефонот користи Snapdragon 665 чипсет, 6GB RAM и 128GB проширлив простор за скалдирање. Батеријата има капацитет од 5000mAh. Тука се и Android 10, NFC, 3.5mm приклучок и dual-band Wi-Fi.