Научниците пронајдоа древен систем на раседи, пишува во истражувањето објавено во Scientific Report.
Уште кон крајот на минатиот век западни и руски геолози најдоа кратери во Баренцовото море, широки неколку стотици метри и длабоки неколку десетици метри, пишува рускиот портал mail.ru.
Во 2017 година норвешки научници утврдија дека наведените кратери се појавиле пред околу 12000 години – кон крајот на последното ледено доба. Кога ледниците почнале да се повлекуваат, метанот „замрзнат“ во земјата почнал да се „топи“ и крева, создавајќи големи ридови. Под притисок на метанот, наведените ридови експлодирале.
Но, досега беше непознато од каде доаѓаше метанот. Во новото истражување експедицијата на Арктичкиот институт во Норвешка користеше тридимензионални сеизмички податоци со висока резолуција за да дознаат кои процеси се одвивале под земјата. Истражувањето покажа дека кратерите се наоѓаат во зоната на раседите, кои се појавиле пред повеќе од 250 милиони години.
Системот на раседи е одговорен за големината и обликот на кратерите, при што метанот се крева на врвот низ пукнатините во карпите, велат научниците. Бидејќи зоната на нестабилност под кратерите е многу стара, ридовите на дното можеле да почнат да се развиваат многу порано отколку што се претпоставуваше. Истражувачите исто така утврдуваат кои слични процеси би можеле да се повторат и во други нестабилни подрачја, каде мразот се повлекува поради глобалното затоплување.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли