Ситуацијата на релација Соединети Американски Држави – Huawei добива неочекуван пресврт, откако американското Министерство за трговија објави дека ќе и овозможи на кинеската компанија до одреден степен да соработува со американските компании.
Иако Huawei останува на американската листа на забрана, сега е донесен амандман кој им овозможува на американските компании да му овозможат на кинескиот производител пристап до технологии, кои потекнуваат од САД без посебно лиценцирање, но само за потребите за развој на 5G стандардот.
Во соопштението на Одделението за трговија е наведено дека со овој амандман е обезбедено (иако Huawei останува на листата на забрана), ова да не ги спрелува американските компании да придонесуваат за важните активности на развој на стандардот.
Од друга страна, аналитичарите истакнуваат дека моментните водечки вендори во 5G инфраструктурата не се од САД. Тоа се Huawei од Кина, Ericsson од Шведска и Nokia од Финска. Овие три компании овозможија позначаен придонес за развојот на 5G технологиите од сите останати компании, според наводите на Strategy Analytics.