Здравствените власти во Норвешка најавија дека ќе ги избришат сите податоци кои беа собрани со помош на мобилната апликација за следење на заразените со коронавирус и пронаоѓање на нивните контакти.

Одлуката следува по искажаната загриженост од норвешкото надзорно тело за заштита на податоците.

Потпирајќи се на блутут-врски и централизирана база на податоци за ГПС-локации на корисниците, Норвешка беше меѓу првите западни земји што разви таква апликација.

Собраните податоци беа чувани 30 дена, а апликацијата сега ќе биде укината. До денес, 8.628 луѓе се заразени со коронавирусот во Норвешка, а регистрирани се вкупно 242 смртни случаи.