Компанијата Honor планира да го прошири своето портфолио смартфони, а според најновите протечени информации, брендот ќе ги претстави Honor X10 Max и Honor X10 Pro моделите. Сепак, не се очекува двата телефона да бидат претставени во исто време, поради проблемите со залихите.
Според наводите, планирано е Honor X10 Max да биде објавен со Dimensity 1000+ чипсет, но поради слабите залихи на овој чип, Honor за уредот ќе мора да ја користи Dimensity 800 платформата.
Уште еден дојавувач ја открива разликата помеѓу големините на екранот на двата телефони – Honor X10 Max ќе има дијагонала од 7,09 инчи, што ќе го направи еден од најголемите паметни телефони во светот.
Honor X10 Pro, според наводите, би требало да има „нормална големина“, а се очекува дека екранот ќе биде 6,63 инчен Full HD+, како кај стандардниот Honor X10 модел. Засега нема информации за можниот датум на објава на споменатите телефони.
Поврзани артикли