Истражувањето покажало дека со анализа на протеините може, во одредена мера, да се „предвиди“ кој ќе развие потежок облик на болеста Ковид-19, објавил Гордан Лауц.

Хрватскиот научник, на својот Фејсбук профил објавил интересна информација за истражувањето, кое што може да им помогне на докторите да предвидат кои од пациентите можат да заболат од потежок облик на болеста, а кои од нив ќе имаат поблаги симптоми или пак никакви симптоми.

„Една од најголемите мистерии кај Ковид-19 е фактот што поголемиот дел од луѓето оздравуваат со многу благи симптоми или пак речиси никакви симптоми, додека пак кај други луѓе вирусот предизвикува тешки симптоми, како што е воспаление на белите дробови, а некогаш завршуваат и фатално.

Подрачјето во науката кое што истражува како разликите меѓу луѓето влијаат на појавата и текот на различните болести, се нарекува персонализирана медицина и за жал сè уште е многу слабо развиено“.

„Истажувањето покажа дека со анализа на протеините може да се одреди тоа кој ќе развие потешки симптоми на болеста.

Врз основа на резултатите од примероци кои што успеавме да ги добиеме од Вухан и Бергамо, направено е истражување.

Прелиминарните резултати ги направија нашите колеги од Америка, а истите покажуваат дека гликаните можат да бидат многу информативни“.

Нивните анализи покажале дека компјутерот може да препознае потенцијално тешки случаи на заболени врз основа на само 22 протеини и 7 метаболити, а моделот е со точност од високи 94 отсто.