На шестата година од постоењето на haPPy лојалната програма, „Нептун Македонија“ одбележува јубилејна бројка од 300.000 издадени haPPy картички. По тој повод „Нептун Македонија“ овој јуни го посветува на сите овие домаќинства и лојални купувачи со голема кампања во која се претставени дел од купувачите и тие се оние кои ги презентираат месечните категориски промоции.
Под мотото “Постоиме за нашите haPPy купувачи” Нептун претстави повеќе категориски промоции во кои се опфатени најквалитетни уреди од најпознатите светски брендови по одлични цени за сите оние кои имаат haPPy картичка или пак ќе постанат дел од лојалната програма. Носители на тие промоции се токму haPPy лојални купувачи кои и се добро познати на јавноста. Познати личности од телевизијата, спортисти, актери, модели, инфлуенсери, гејмери, влогери и блогери се само дел од лицата кои ги претставуваат промоциите на Нептун овој месец. Погледнете ги промотивните производи онлајн на https://www.neptun.mk/ или пак во Нептун продавниците ширум државата.
„Нептун Македонија е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, телевизори, смартфони, ИТ уреди, гејминг опрема и уреди за ладење и греење, присутна е 22 години на македонскиот пазар, со 25 продажни салони во 21 град во Македонија, и со 415 вработени. Покрај овие факти, најбитна бројка за нас е бројот на нашите лојални купувачи кој баш овој месец кога нашата лојална програма прави шест години, достигна јубилеен број од 300.000 издадени haPPy картички. Тоа значи дека околу 70% од домаќинствата во државата се наши клиенти откако е воведена haPPy лојалната програмa. Сметаме дека корисничкото искуство, достапноста на продавниците и онлајн продажбата, огромниот избор на производи од најпознатите светски брендови, програмата за брзо и лесно финансирање – “happy кредитот”, се клучни за нашиот континуиран раст и секако за големиот број на купувачи кои се дел од haPPy лојалната програма. Наша цел е да продолжиме со иновативниот пристап кон раст и развој на компанијата. Само така ќе останеме лидер на пазарот и ќе имаме уште повеќе задоволни и haPPy лојални купувачи.“ – изјави Никола Митревски – маркетинг координатор во Нептун Македонија.
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.