Низа лабораториски експерименти кои ги спроведоа американските истражувачи укажуваат на тоа дека коронавирусот еволуирал и станал уште позаразен.
Научниците тврдат дека мутацијата влијае на протеинот кој на вирусот му овозможува да се пробие во клетките во човечкиот организам.
Сепак, резултатите на нивната студија треба да бидат потврдени од страна на други тимови на научници кои го истражуваат новиот коронавирусот. Доколку ова се покаже како точно, за прв пат ќе биде докажано настапувањето на промени кај коронавирусот.
„Во системот на културата на клетките кои ги користевме, вирусите со таа мутација беа многу позаразни од вирусите без мутација“, изјави Хјерјун Чои, виролог од истражувачкиот центар „Скрипс“ од американската сојузна држава Флорида.
Со откриената мутација, вирусот добива многу поголем број на надворешни протеински „шилци“ кои му овозможуваат полесно да допре до клетките, тврдат американските научници.
Извор: Blic.rs
Поврзани артикли