Недолго по објавата на буџетскиот Redmi монитор, се појавија информации за четири монитори на Xiaomi, кои се насочени кон гејминг популацијата, а ќе се појават наскоро. Мониторите пристигнуваат во големини од 24,5, 27 и 29,5 инчи.
Претставувањето на моделот од 24,5-инчи се очекува во текот на септември, додека веќе во јули може да се очекува 27-инчен монитор со стапка на освежување на дисплејот од 165Hz. Доколку се оди според планот, компанијата ќе објави уште еден 4K модел во варијанти од 27 и 29.5 инчи.
Според информациите, Xiaomi ќе претстави уште еден 27-инчен монитор, кој не е наменет за гејминг, како и два модела со гејминг карактеристики – со дијагонали од 23,8 и 27 инчи. Засега нема информации за тоа кога можат да се очекуваат овие три монитори.