Изгеда дека Microsoft работи на уште еден Surface уред, кој ќе го покренува AMD процесор. Лаптопот би требало да го користи Ryzen 5 4500U со AMD Zen 2 архитектура, а ќе има шест јадра и 15W TDP.
Според протечениот 3DMARK листинг, претстојниот Surface уред би требало да има и AMD Radeon RX5300M мобилна графичка картичка. Се сугерира дека овој уред ќе биде Surface Laptop 4, кој има потенцијал да биде испорачан и со AMD и со Intel опциите на хардвер.
Најновите AMD Ryzen мобилни процесори имаат поефикасни транзистири и значајно редизајниран систем на јадра, што овозможува зголемување на перформансите и пониски нивоа на потрошувачка. Овие измени би требало да овозможат значајна трансформација на идните Surface уреди.
Гласините споменуваат и дека Microsoft планира да креира други Surface уреди кои се засновани на AMD хардвер, како што е новиот Surface Go 3, кој ќе го користи неименуваниот AMD APU со кодно име Pollock.
Поврзани артикли