На Reddit како што истакнуваат Android Police и 9to5Google, еден корисник објавил едноставен начин за гледање YouTube видеа во веб-браузер без никакви реклами. Во URL за било кое видео кое сакате да го погледнете, потребно е само да додадете дополнителна точка по .com на YouTube линкот.
Веб-порталот The Verge потврди дека ова функционира како што е опишано при paste на URL на видеото во инкогнито прозорецот на браузерот со дополнителна точка. Покрај отстранувањето реклами кои се прикажуваат пред видеото, ги отстранува и рекламите среде видеата. Додека копирате, лепите и го менувате URL на видеото, колку време навистина се заштедува и дали е поедноставно само да се притисне копчето „Прескокни ја рекламата“.