На почетокот на оваа година Samsung го објави Galaxy S10 Lite (на фотографијата) – поевтина верзија на својата премиум Galaxy S10 серија, а телефонот имплементира навистина интересени карактеристики – голем рамен екран и голема батерија. Според новите информации, кои пристигнуваат од сајтот SamMobile, S10 Lite добива наследник.
Моментно не е многу познато за претстојниот смартфон, со исклучок на бројот на модел и неколку карактеристики. Се очекува дека уредот ќе има барем 128GB простор за складирање, ќе го користи Samsung One UI 2.5 интерфејсот од самиот старт, а најверојатно ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет.
Се очекува дека сите пазари нема да ја добијат 5G варијантата на телефонот. Наводно, глобалниот Galaxy S20 Lite со број на модел SM-G780 пристигнува без 5G поддршка во зависност од пазарот, додека уредот со ознака SM-G781 ќе биде наменет за пазарот на САД и ќе има 5G.