Во текот на оваа година видовме значаен пораст на стапката на откажување на манифестациите и презентациите, поради пандемијата на коронавирусот. Меѓу нив се и големите технолошки настани, како што е Mobile World Congress во Барселона, кој беше откажан во целост. Сега на оваа листа е додаден и Computex 2020 саемот.
Taiwan External Trade Development Council (TAITRA) и Taipei Computer Association (TCA) донесоа официјална одлука да го откажат Computex 2020. Настанот првобитно требаше да биде одржан од 2 до 6 јуни, но потоа беше одложен за 28. септември. Меѓутоа, по зголемувањето на бројот на сличаи на заразени со Ковид-19 во светот, организаторите на настанот донесоа одлука да не ризикуваат со одржување на манифестацијата во Тајван.
Наместо тоа, планирано е одржување на неколку онлајн настани: #COMPUTEXOnlineTalks (Intel, NVIDIA, Qualcomm, Supermicro, Delta Electronics, BenQ и другите ќе дискутираат за AI и 5G технологиите); COMPUTEX Online Sourcing Meetings; #InnoVEXOnlineDemo и COMPUTEX Online 2D Exhibition.
Организаторите со многу самодоверба веруваат дека ќе бидат подготвени да ги дочекаат посетителите следната година, во рамките на Computex 2021 настанот.