XPG гејминг фокусираниот подбренд на компанијата Adata се подготвува за објава на својот нов Primer гејминг маус. Primer е креиран за гејмерите, без разлика дали се ветерани кои сакаат едноставни глувчиња или новајлии кои сакаат да ги подобрат своите вештини.
XPG Primer го карактеризираат Omron свичеви, со 12000 DPI сензор со неколку различни дизајнерски подобрувања, кои влијаат на удобноста, прецизноста и издржливоста. Маусот е креиран од издржлив PBT, со површина која не е лизгава и останува чиста, така што е перфектен за долги гејминг сесии. Страниците на маусот имаат текстури кои овозможуваат подобро држење. Тука е и RGB систем за осветлување со три различни ефекти.
Маусот е опремен со Pixart PMW3360 сензор, со DPI во распон од 400 до 12000, 250IPS брзина на следење и 50G акцелерација. Тежината на моделот изнесува 98 грама, а димензиите се 126 × 65,6 × 37,9 мм.
Информациите за цената и достапноста на Adata XPG Primer маусот ќе бидат накнадно објавени.