По појавувањето на индискиот, тајландскиот и малезискиот пазар, Realme GT Neo2 смартфонот пристигна и во Европа.

GT Neo2 ќе се продава преку официјалната веб-страница на брендот Realme, а познати се и цените.

Верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за складирање чини 450 евра, додека верзијата со 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија чини 550 евра. Моделот со 8GB RAM и 256GB складирање нема да им биде достапен на клиентите на Стариот континент.

Во понудата ќе има три стандардни бои, нео зелена, нео сина и нео црна.

Кога станува збор за спецификациите, GT Neo2 има брз и светол AMOLED екран од 6,62 инчи со стапка на освежување од 120 Hz и брзина на одзив од 600 Hz. Уредот го покренува Snapdragon 870 процесорот на Qualcomm, кој исто така овозможува и 5G поврзување, а го напојува батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 65 W. Батеријата ќе се полни од 0 до 100 проценти за нешто повеќе од 30 минути.