Intel официјално ги објави своите Lakefield процесори, кој пристигнуваат со Foveros 3D технологија и имаат хибридна CPU архитектура. Ова се најмалите процесори кои нудат перформансу од Intel Core серијата, како и целосна компатибилност со Windows, а наменети им се на тенки и лесни формати на уреди.
Intel со новите процесори успеа да оствари за 56 проценти помала површина на пакети, овозможувајќи матичните плочи да бидат 47 отсто помали. Ова на производителите ќе им овозможи поголема флексибилност, која дизајнираат уреди со два екрана или флексибилни модели. Во лаптопите со постандардни големини, дополнителниот простор ќе може да се искористи за дополнително ладење и поголеми батерии.
Lakefield процесорите се први Intel Core процесори со Package-on-Package меморија, а можат да бидат до 91 отсто поефикасни од Y-серијата процесори. Покрај тоа, ова се и први Intel процесори со двојни дисплеј цевки, што ги прави подобрни за користење во хибридните и компјутерите со два екрана.
Претставени се два Lakefield процесори. Првиот е Intel Core i5-L16G7, со пет јадра во пет thread-ови, со 7W TDP и 1.4GHz основен такт и 1.8GHz boost. Вториот процесор е Intel Core i3-L13G4, со ист број на јадра и thread-ови, додека брзините на тактот одат од 0.8GHz до 1.3GHz. Двата процесора имаат UHD графика.
Lenovo Thinkpad X1 Fold ќе биде еден од првите лаптопи, кои ќе стигнат на пазарот со Lakefield процесори, а во текот на оваа година се очекува и Samsung Galaxy Book S.