Изворите од Јужна Кореја известуваат дека Samsung одлучил да користи Ultra Thin Glass (UTG) на својот претстоен Galaxy Fold 2 телефон. Компанијата веќе креираше нарачки од Dowoo Insys и Schott, истите производители кои го креираа UTG за Z Flip.
Меѓутоа, Samsung сака да ги намали трошоците на производство, а за таа цел склопи партнерство со Corning (производител на Gorilla Glass). Двете компании заеднички работат на забрзување на развојот на UTG стакло за идните телефони.
Моментниот план е да се почне со употреба на Corning UTG стакло на флексибилните уреди, кои ќе се појават следната година. Намалувањето на трошоците е само дел од плановите на Samsung, бидејќи компанијата не е задоволна ни колку тежина им додаваат актуелните UTG решенија на телефоните.
Galaxy Fold 2 ќе биде претставен во август, заедно со Galaxy Note20 линијата, а можно е да видиме и 5G верзија на Z Flip моделот.