Англиската Премиерлига продолжува на 17. јуни, а познато е дека поради пандемијата на коронавирусот, натпреварите ќе бидат играни пред празни трибини. Меѓутоа, Sky Sports тоа планира да го компензира.
Sky Sports соработува со компанијата ЕA Sports, односно со нејзиниот оддел за играта FIFA, за да креира симулација од врева од публика за секој тим. Целта е да се реплицира атмосферата од напреварите во Премиерлигата, но гледачите пред малите екрани ќе можат да го исклучат овој ефект.
Гледањето спортски натпревари без публика е за многумина необично иксуство, па Sky Sports прави се за да понуди алтернатива.
Sky исто така работи на нови искуства преку својата интернет страница и апликација, каде што ќе овозможува гледање на натпреварите во видео соба и нивна интеракција, така што ќе можат да влијаат на вревата од публиката која ќе ја слушаат.
također radi na novim iskustvima pa putem svoje internet stranice i aplikacije omogućava gledanje utakmica u video sobi te njihova interakcija tako da će moći utjecati na buku publike koju čuju.
Sky Sports ќе пренесува 64 натпревари, а првите ќе бидат одиграни на 17. јуни меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед, како и дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал.
Поврзани артикли