Dropbox креираше сопствен сервис за управување со лозинки, под името Dropbox Passwords. Апликацијата е сега достапна во Play Store, но е прикажана во Early Access фазата. Апликацијата е можно да се преземе, но за нејзино користење е потребна покана.
Описот од Play Store ја опишува апликацијата како и секој друг сервис за управување на лозинки – ги паметни корисничките лозинки, го логира корисникот на сајтови, а има и вкрстена синхронизација за различните уреди. Лозинките се заштитени со “zero-knowledge” енкрипција, што Dropbox Passwords ќе ги складира без нивно меморирање, што е корисно доколку сервисот некогаш биде хакиран.
Поздравниот екран за апликацијата сугерира дека користење на Passwords сервисот е потребна Dropbox Plus или Professional верзија, кои чинат околу 10 евра. Нема информации за тоа кога Dropbox Passwords ќе биде јавно достапен за сите корисници.