Програмата за вакцинација во САД, „Operation Warp Speed“, која става акцент на брзото производство и тестирањето на експерименталните вакцини против коронавирусот, поттикнува страв кој веќе го разгореа скептиците за вакцина, изјавија двајца експерти за CNN.
„Самиот пристап не е неразумен“, вели д-р Питер Хотез, декан на Националната школа за тропска медицина и професор по педијатрија и молекуларна вирологија на Медицинскиот факултет Бајлор.
„Но, начинот на кој се комуницира ги плаши луѓето. Начинот на кој излегува пораката од „Operation Warp Speed“ создава голем хаос и конфузија и притоа го зајакнува антиваксерското движење“, вели Хотез за CNN.
CNN наведува дека претходно оваа недела, администрацијата на Трамп одбрала пет компании, кои најверојатно ќе го преземат производството на вакцина против Ковид-19.
Д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, вели дека очекува 100.000 дози од вакцината која ја направила биотехничката компанија Moderna да бидат да располагање до крајот на годината.
Фаучи наведува дека вакцината ќе биде подготвена за воведување ако се докаже дека делува на заштитата од коронавирусот во клиничките испитувања кои се во тек. Докторот додава дека еден од кандидатите би можел да биде спремен веќе во јануари, а тоа е многу забрзан распоред бидејќи за добивање на вакцина е потребно обично една година.
„Мислиме дека ќе имаме вакцина во скоро време. Ако го направиме тоа, навистина ќе бидеме голем чекор напред“, изјави Трамп минатиот месец.
„Начинот на кој тие зборуваат за целиот проект е по малку застрашувачки бидејќи постојано ја споменуваат брзината со која се работи. Поради тоа луѓето мислат дека се прескокнуваат чекори“, изјавил д-р Пол Офит, директор на Центарот за вакцинација и професор по педијатрија во Детската болница во Филаделфија.
Хотез и Офит со години се борат против антиваксерското движење и се обидуваат да ги образоваат луѓето кои имаат сомнежи и стравови за вакцините. И двајцата имаат напишано книги за безбедноста на вакцините.
Извор: B92.net
Поврзани артикли