Компанијта Coolpad го претстави новиот буџетски телефон, под името Coolpad COOL10. Смартфонот користи Helio P30 чипсет, заедно со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Телефонот работи под COOL UI9.0B интерфејс , заснован на неодредена верзија на Android.
COOL10 има 6.51-инчен дисплеј со засек, каде е сместена 8MP селфи камера. Екранот има 19:9 однос на страници, додека резолуцијата не е позната. На задната страна има три камери, со 16MP главен сензор (F/1.5), додека карактеристиките на останатите камери не се објавени.
Сензорот на отпечатоци е сместен од страна на рамките, а можно е и отклучување на телефонот преку AI Face Unlock функцијата. Уредот го напојува батерија со капацитет 4900mAh, која се напојува преку USB-C порт.
Coolpad COOL10 пристигнува во три бои, по цена од околу 125 долари, а ќе се испорачува од 12. јуни.