Honor претстави два телефона од Play 4 серијата, кои ги карактеризира 5G поддршка и 7nm чипови, како и поддршка за напредни камери. Двата смартфона покриваат различни сегменти од пазарот.
Honor Play 4 Pro користи Kirin 990 чипсет (7nm верзија со 5G модем), што му овозможува премиум перформанси и 5G конекција. Телефонот работи под Magic UI 3.1 интерфејс (заснован на Android 10), а се одликува interfejsom со 8GB RAM и 128GB простор за складирање.
Play 4 Pro на задната страна има две камери: главната од 40MP го користи Sony IMX600, а 1/1.7″ сензор и има RYYB филтер. Honor истакнува дека може да прими 40 проценти светло во однос на традиционалните сензори. Втората камера нуди 3x оптичко зумирање (5x хибридно и до 30x дигитално). Вториот сензор има OIS поддршка и креира 8MP фотографии. Тука е и ласерскиот автофокус систем.
Дисплејот од 6,57 инчи е LCD и нуди 1080p+ резолуција, а во екранот се сместени два punch-hole отвора со 32MP и 8MP камери. Телефонот го напојува 4200mAh батерија, со поддршка за 40W брзо полнење.
Honor Play 4 Pro е достапен во црна и сина боја, по цена од околу 410 долари.
Honor Play 4 има екран со големина 6,81 инчи, со IPS LCD панел и 1080p+ резолуција. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката (како и кај Pro моделот). Од предната страна се наоѓа само една камера, со сензор од 16MP.
На задната страна на уредот се наоѓаат четири камери. Главната има 64MP сензор (1/1.7″), со 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Play 4 го покренува MediaTek Dimensity 800, 7nm чипсет, кој има интегриран 5G модем. Чипсетот е прекриен со огромна 991mm² парна комора, која го одржува разладен. Капацитетот на батеријата е 4300mAh, со поддршка за 22.5W полнење.
Телефонот има 8GB RAM и 128GB простор за складирање, како и Pro моделот, но поддржува и microSD слот. Двата смартфона имаат dual SIM слотови.
Honor Play 4 во претпродажба чини околу 280 долари, а достапене во црна и сина боја.
Поврзани артикли