Бидејќи пандемијата на коронавирусот ги натера луѓето да останат дома и својата работа да ја извршуваат преку компјутер, видео конференциите станаа главен облик на комуникација помеѓу вработените. Голем удел и придонес на ова поле забележа компанијата Zoom.
Zoom сега објави финансиски резултати за првото тримесечје во 2020. година, а во споредба со истиот период минатата година, бројот на клиенти кои имаат повеќе од десет вработени порасна за 354 проицени, на 256.400.
Сразмерно со тоа, порасна и приходот на компанијата, а тој сега изнесува 328,2 милиони долари (пораст од 169 проценти во однос на лани). Се истакнува дека Zoom сервисот во текот на април оствари максимални 300 милиони дневно активни корисници (наспроти 10 милиони од декември).