Иако многумина беа реазочарани што OnePlus не го претстави OnePlus Z моделот во текот на објавата на OnePlus 8 линијата во април, новите гласини сугерираат дека уредот би можел да дебитира во јули.
Сега, се уште необјавениот OnePlus телефон, со број на модел AC2003, се појави на Geekbench 5.1 листинг, откривајќи некои детали за уредот за кој се верува дека е токму OnePlus Z.
Според листингот, OnePlus Z ќе користи осмојадрен Snapdragon 765G чипсет, а ќе има до 12GB RAM, без оглед на тоа што во прашање е модел од средниот сегмент.
Кога се во прашање перформансите, телефонот оствари 612 поени и 1955 поени во single-core и multi-core тестовите, што претставува солиден резултат, конкурентен на некои други телефони од истиот сегмент.