Новиот извештај кој се појави во кинеските медиуми тврди дека Apple планира битни измени во следната генерација на iPad Air. Ова ќе се огледа во зголемувањето на дисплејот од 10,5 на 11 инчи, додека Lightning портот би требало да биде заменет со USB Type-C конектор.
Информациите пристигнуваа од неименувани снабдувачи на Apple и тврдат дека претстојниот iPad Air ќе има сличен дизајн како актуелниот 11-инчен iPad Pro, со тенки рамки и можна Face ID поддршка.
Последните извештаи споменуваат дека iPad Air 4 ќе го користи Apple A13 Bionic чипсетот, кој веќе е достапен во актуелната iPhone 11 линија, како и во неодамна објавениот iPhone SE (2020) модел.
Минатиот месец се појавија информации дека 10,8-инчен iPad Air ќе биде претставен во втората половина на годината, додека целосно нов 9-инчен iPad Mini ќе пристигне во 2021. година.
Поврзани артикли