Претходно во текот на овој месец се појавија рендери од претстојниот Honor телефон, а се верува дека го прикажуваат Honor Play 4 Pro моделот. Компанијата објави дека овој смартфон ќе биде претставен на 3. јуни, а пред самата објават се појавија спецификациите на уредот.
Honor Play 4 Pro 5G би требало да има 6,57-инчен Full HD+ IPS LCD дисплеј, со отвор за две предни камери. Во punch-hole се сместени 32MP + 8MP сензори. Телефонот би требало да го покренува Kirin 990 5G чипсет, а нема информации за количината на RAM меморијата и просторот за складирање.
Се сугерира дека телефонот ќе го напојува 4200mAh батерија, со поддршка за 40W брзо полнење. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамките. Honor Play 4 Pro 5G би требало да чини околу 420 долари.
Поврзани артикли