Gigabyte ја објави новата линија Aorus лаптопи, кои се дизајнирани за професионалците во движење. Aorus 5 vB и Aorus 7 vB моделите се моќни, лесни за пренесување и издржливи, а пристигнуваат со новиот Windforce систем на ладење.
Двата нови члена на Aorus семејството на лаптопи се опремени со 144Hz дисплеи и Nvidia RTX20 серијата графички картички, со премиум функции како што се ray tracing и DLSS технологиите. IPS FHD панелот нуди висок FPS за гејмери и покрива широк спектар на бои.
Една од главните карактеристики на Aorus 5 vB и Aorus 7 vB лаптопите е имплементацијата на Intel i7 10750H процесорите од десетта генерација, со шест јадра и до 5.0 GHz Boost. Тука се и 2933MHz меморија, како и два M.2 SSD и HDD. За мрежната конекција служи вградениот Wi-Fi 6.
Споменатиот Windforce систем на ладење е способен за дисипација на топлината преку спроводната цевка и проводникот на топлина, а ги покрива и CPU и GPU.
Поврзани артикли