MSI се подготвува на пазарот да го пласира својот нов гејминг монитор, под името MSI Optix MAG274R. Мониторот спаѓа во IPS e-sports сегментот, а го карактеризираат високата стапка на освежување и брзиот одзив.
Optix MAG274R има 27-инчен IPS панел, со 144Hz освежување, 1080p резолуција, 1ms одзив, а наменет на натпреварувачките настроени гејмери. Аглите на гледање на мониторот изнесуваат 178/178 степени, додека покриеноста на боите вклучува 95% DCI-P3 спектар на бои и 132% sRGB спектар. Се одликува и со 300 нита осветлување и контраст 1000:1.
Мониторот има поддршка за AMD FreeSync Premium (48Hz – 144Hz) i HDR содржини. Тука е и MSI Night Vision, дизајниран да ја подобри видливоста во темните сцени, додека Gaming OSD App 2.0 апликацијата ќе биде задолжена за управување со подесувањето на мониторот.
Опциите за конекција се 1x DisplayPort 1.2a, 2x HDMI 2.0b, 1x USB Type-C (DP. alt mode), а има и USB хаб со 2x USB Type-A порта и 1x USB 2.0 Type-B порт.
MSI не ја објави цената и достапноста на Optix MAG274R гејминг монитор.
Поврзани артикли