Google го претстави новото „quick settings“ мени во рамките на Gmail, за на своите корисници да им овозможи полесно да пребаруваат и да користат различни теми, и подесувањата да ги прилагодат на своите потреби и така да го засилат своето инбокс искуство.
Новите опции ја вклучуваат можноста да се промени растојанието помеѓу пораките, да се избере еден од понудените типови инбокс, и на пораките да им се додадат други елементи кои придонесуваат за персонализација на поштенското сандаче на Gmail. Не се претставени нови опции, но оние постарите биле закопани во Gmail подесувањата, па многумина корисници не ни знаеле дека постојат.
Новото мени се наоѓа во горниот десен агол на Gmail, и може да му се пристапи ако се кликне на точката покрај календарот. Корисниците можат веднаш да ги видат промените, што им олеснува да ги изберат оние кои најмногу им одговараат.