YouTube одлучи во видео фајловите да воведе поглавја за да им ја олесни навигацијата на корисниците. Откако по тест периодот прими позитивни одговори од корисниците, оваа функција официјално е вклучена во YouTube од 28. мај. Поглавјата ќе бидат достапни на веб, како и во Android и iOS YouTube апликациите.
Корисниците ќе бидат во можност да кликнат на почетокот на поглавјето за побрзо да „скокнат“ на одреден дел од видео клипот. Тоа е многу покорисна варијанта од забрзувањето или скролањето низ видео фајлот. Поглавјата се видливи на дното на видео плеерот и покажуваат временски одредници.,
Сепак, YouTube нема да им ја наметнува на корисниците употребата на поглавја. Тие се опционални и ќе се појавуваат само ако краторот на видео снимката одлучи да ги вклучи. YouTube, сепак, постави неколку ограничувања за употребата на поглавја. Неоходно е првото поглавје да почне на 0:00, односно на почетокот на видеото, а тој мора да има најмалку три поглавја со минимално поединечно траење од 10 секунди.