Samsung во август минатата година го претстави Galaxy Book S – Windows лаптоп со Snapdragon 8cx чип. Сега добиваме верзија со Intel процесор, кој се потпира на штедливиот Lakefield SoC и Intel UHD графичка картичка, а се во истиот ultrabook дизајн без вентилатори.
Од предната страна на лаптопот се наоѓа 13,3-инчниот Full HD LCD, кој во горната рамка има 1MP камера. Уредот е тежок има 950 грама и има 11,8 милиметри на најдебелото место. Лаптопот го красат и четири AKG стерео звучници и вграден сензор за отпечатоци од прсти.
Intel Core i5-L16G7 Lakefield чипсетот е искомбиниран со 8GB LPDDR4x RAM и 256/512GB eUFS простор за складирање. Кога е во прашање I/O слотот, се добиваат два USB-C порта, 3,5 мм приклучок и microSD читач на картички. Батеријата со капацитет 42Wh нуди до 17 часа репродукција на видео.
Galaxy Book S има и Wi-Fi 6 и LTE конекција, а за софтверската поддршка го користи Windows 10 Home или Pro. Ќе биде достапен во златна и во сива варијанта, по цена од 999 фунти. Глобалната достапност не е спомената.
Поврзани артикли