По неколку премиум телефони од OnePlus 8 серијата, како и гласини за подостапни OnePlus 8 Lite и OnePlus Z модели, кинеската компанија конечно потврди дека работи на подостапен телефон кој ќе биде објавен подоцна оваа година.
Во неодамнешната објава на Weibo социјалната мрежа, Извршниот директор на компанијата Пит Лау потврди дека компанијата работи на тоа да го десинфицира своето портфолио и повторно да понуди подостапни телефони кои на поголемиот дел од корисниците ќе им овозможи да го доживеат искуството на OnePlus телефоните.
Покрај тоа, Лау откри планови за тоа дека OnePlus планира својот бизнис да го прошири на новата категорија производи.