Apple во април, преку macOS Catalina 10.15.5 developer preview верзијата, ја претстави функцијата наречена battery health management. Намената на функцијата е да го подобри и продолжи работниот век на батеријата на MacBook уредите, а сега опцијата им е достапна на сите во стабилната верзија на macOS Catalina 10.15.5 ажурирањето.

Battery health management функционира на начин што претпоставува дека на корисникот не му е потребна батеријата на MacBook, која е полна до врв. Функцијата ќе го следи образецот на употреба на лаптопот на корисникот и врз основа на него ќе ја полни батеријата (на пример, доколку во текот на работниот ден типично го држите MacBook на полнач, функцијата ќе го намали максималното полнење на батеријата.

Battery health management функцијата автоматски ќе биде вклучена, откако ќе се инсталира ажурирањето.

Catalina 10.15.5 додава и некои други функции, како и исправка на грешки. Тука е и новата опција на контролирање на автоматските Group FaceTime повици. Целосната листа на измени во macOS Catalina 10.15.5 ажурирањето можете да го видите тука.