Xiaomi во своето портфолио на достапни телефони го додаде моделот Redmi K30i 5G. Во прашање е поевтина верзија на Redmi K30 5G телефонот, а главната разлика е во имплементацијата на 48MP камера наместо 64MP сензор.
Redmi K30i 5G има 6.67-inčni FHD+ дисплеј со стапка на освежување од 120Hz и импресивни тенки рамки. Телефонот го покренува Snapdragon 765G чипсет, во комбинација со 6GB RAM и 64GB простор за складирање податоци.
На задната страна на телефонот се наоѓа 48MP главна камера, заедно со 8MP ултраширок сензор, 5MP макро сензор и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓаат на две камери: главна од 20MP и 2MP портрет. Уредот го напојува батерија со капацитет 4500mAh, со поддршка за 30W брзо полнење.
Redmi K30i 5G е момено во понудата во Кина, по цена од околу 270 долари. Засега нема информации за можната објава на смартфонот на другите пазари.
Поврзани артикли