Thibault Dousson, генерален менаџер на Lenovo Africa дивизијата, неодамна во интервју истакна дека најверојатно во септември ќе биде објавен флексибилен телефон во втората генерација, кој ќе го наследи Motorola RAZR моделот.

Сега се појавија наводни спецификации на наследникот на Motorola RAZR, а до нив дојде сајтот XDA-Developers.

Претстојниот наследник на Motorola RAZR наводно ќе пристигне со Qualcomm Snapdragon 765 чипсет, што претставува надградба во однос на Snapdragon 710 од RAZR моделот од првата генерација. Со Qualcomm чипсетот ќе бидат достапни и 8GB RAM и 256GB простор за складирање, додека уредот ќе го напојува 2845mAh батерија.

Задната камера ќе биде надградена на 48MP сензор (Samsung ISOCELL GM1), додека за селфи и видео повици ќе биде задолжена 20MP камера. Телефонот ќе има и 5G поддрпка, но уредот на Motorola ќе биде компатибилен само со sub-6GHz мрежа, а не и со побрзиот mmWave 5G опсег.