Кинеската компанија Realme го претстави својот прв Smart TV во две големини: 32 инчи (80 см) и 43 инчи (108 см). Телевизорот пристигнува со LED екран без рамки, Android TV поддршка, Dolby звучници, четиријадрен процесор и сето тоа по ниска цена.
Realme Smart TV ја позајмува Chroma Boost функцијата од телефоните, а го подобрува осветлувањето, приказот на бои, контрастот, јасноста на приказот, со осветлување до 400 нита. Аглите на гледање изнесуваат 178 степени, што е импресивно за моделите со ваква цена.
Realme и Mediatek се здружија за да креираат прилагоден чипсет за ТВ, со четири Cortex A53 јадра и Mali-470 MP3 GPU. Достапни се и 1GB RAM и 8GB интерен простор за складирање податоци.
Моделот на телевизор од 32 инчи има исклучително тенки рамки (8,7 мм), звучници кои се поставени симетрично и овозможуваат 24W Dolby Audio. Телевизорите пристигнуваат со Android TV у Google Assistant поддршка, додека Play Store има над 5000 апликации.
Кога е конекцијата во прашање, Realme Smart TV има три HDMI порта, два USB порта и еден LAN порт. Тука се и Wi-Fi 2.4GHz и Bluetooth 5.0 поддршка.
Телевизорите ќе дебитираат на пазарот на Индија од 2. јуни, по цена од околу 170 долари за 32-инчниот модел и околу 290 долари за моделот од 43 инчи.