Во Холандија потврден е втор случај на пренесување на коронавирусот од куна на човекот, соопштило министерството за земјоделство од таа земја.

Министерката Карола Скаутен во писмо испратено до парламентот повторила дека Националниот институт за здравје верува дека постои ризик од пренесување на болеста од животно на човек во внатрешноста на фармите, пренесуваат од „Ројтерс“.

Таа на 20. мај го известила парламентот дека некој работник во фарма во Холандија во која што се одгледуваат куни, поради извоз на истото животно, односно нивното крзно, се заразил од коронавирус.

Појавата на пренесување на коронавирусот помеѓу куните на фармите во Холандија е забележана уште од месец април, кога вработените забележале дека некои животни имаат потешкотии во нивното дишење, што покренало дополнителна истрага.

Под притисок на активистите за правата на животните, Холандија забранила отворање на нови фарми за куни уште од 2013. година, додека пак постоечките би требало да бидат затворени до 2024. година.