Тимот на научници од Оксфорд кој развива вакцина против коронавирус наиде на пречка кон својата цел. Тие веруваат дека заради падот на инфективноста на болеста, ќе биде потешко да се докаже дали вакцината е успешна или не, пишува британски „Телеграф“.
„Тоа е трка против времето и вирусoт кој исчезнува“, вели Адријан Хил, директор на Институтот Џенер.
„Претходно годинава, рековме дека постои 80% шанса дека ќе развиеме ефикасна вакцина до септември. Во овој момент, постои 50% шанса дека воопшто нема да ја добиеме“, изјавил експертот чија изјава ја пренесуваат „Ројтерс“ и „Телеграф“.
Хил очекува дека помалку од 50 луѓе, од 10.000 кои доброволно се пријавиле за тестирањата на Оксфорд, ќе бидат заразени со новиот коронавирус. Тој смета дека резултатите ќе бидат бескорисни ако се заразат помалку од 20 лица. Вакцината од Оксфорд во моментов е еден од фаворитите за борба против Ковид-19 и се очекува да премине во масовно производство, доколку се докаже нејзината ефикасност. Но, со оглед на изјавите на Хил, прашање е дали воопшто научниците од Оксфорд ќе ја создадат вакцината.
Претходно британските медиуми информираа и дека оваа вакцина не го запира вирусот во тестовите на мајмуни и можно е да има само делумна ефикасност во реалноста.
Во моментов се развиваат повеќе од 100 вакцини низ целиот свет. Британската влада инвестираше повеќе од 100 милиони фунти во истражувачкиот тим од Оксфорд и верува дека до септември ќе бидат подготвени 30 милиони дози. Дотогаш, ќе биде предизвик да се најде вакцина која е ефикасна.
Научниците од универзитетот Рокфелер во Њујорк откриле дека повеќето од опоравените од Ковид-19 кои не оделе во болница, немаат антитела.
„Тоа е многу голем предизвик. Би требало да можеме подобро од ова, но не знаеме дали ќе биде така“, вели Стенли Перлман, долгогодишен научник кој работи на истражување на коронавирусот на Универзитетот во Ајова.
Поврзани артикли