Популарната стриминг платформа Netflix ја промени својата политика што се однесува на корисничките сметки за кои ќе се процени дека подолго време се неактивни.
Промената се однесува на корисниците кои не го употребувале Netflix една година (не погледнале ништо од понудата на платформата) или корисниците кои престанале да ја следат содржината на Netflix пред повеќе од две години.
На таквите корисниците ќе им пристигне мејл порака од Netflix или нотификација во рамките на апликацијата, која ќе ги запраша дали сакаат да ја задржат својата претплата на Netflix, а доколку тоа не го потврдат, ќе следува автоматска деактивација на претплатата на платформата.
Реактивацијата на таквата сметка во следните десет месеци по автоматската деактивација го враќа стариот профил и сите поставки поврзани со него. Од Netflix истакнуваат дека во овој случај се работи за многу мал број корисници, помалку од 0,5 проценти од вкупниот број корисници.