Xiaomi на 26. мај ќе одржи голема презентација, во текот на која ќе претстави неколку уреди. Се очекуваат три смартфони од Redmi 10X линијата, а компанијата сега објави неколку тизери кои ја потврдуваат објавата на Redmi X TV и 16.1-инчниот лаптоп.
Redmi X TV ќе има MEMC motion (Motion Estimation Motion Compensation) поддршка, која го компензира замаглувањето со додавање на вештачки генерирани фрејмови, за видеото да се прикажува пофлуидно, без заматување и за да се имитира 120fps екран.
Redmibook лаптопот ќе има исклучително тенки рамки (само 3,26 мм). Ова ќе овозможи 90% screen-to-body однос, додека sRGB гамутот на бои изнесува 100 проценти. Останатите карактеристики на 16.1-инчниот лаптоп вклучуваат Ryzen 4000 процесор, иако некои извори споменуваат и опции со Ryzen 5 и Ryzen 7 решенија.