Истражувањата покажале дека количината на микропластика на морското дно е најголема во историјата досега, а 1.9 милиони парчиња пластика покриваат само еден метар квадратен.
Експертите изјавиле дека се „шокирани“ од обемот микропластика кој што е пронајден на морското дно.
Очигледно 10 милиони тони пластика секоја година влегуваат во светските океани, се наведува во истражувањето кое што било направено на Универзитетот Манчестер во Велика Британија.
Научниците сметаат дека останатите 99 отсто од пластиката се акумулираат во океаните, но досега не се знае каде точно останува остатокот од пластиката.
Според истражувањето кое што било објавено во списанието „Science“, длабоките морски струи делуваат како транспортна лента, пренесувајќи ги пластичните фрагменти по морското дно.
Благодарение на таквите струи, микропластиката се таложи во огромни групи кои што експертите ги сметаат за ‘жаришта на микропластиката’.
Еколог од Кина соопштил дека бил шокиран од количината микропластика која што била пронајдена на морското дно. Изјавил дека шишињата, ќесите и други работи кои што често ги гледаме во секојдневието, на површината на океанот изгледаат како ‘врв од санта мраз’.
Извор: Srbija Danas