Претходно овој месец, Meizu ги претстави Meizu 17 и Meizu 17 Pro 5G премиум телефоните. Фановите на брендот очекуваа поддршка за 120Hz освежување на екранот, но уредите по објавата поддржуваа „само“ 90Hz.

Меѓутоа, недолго по претставувањето на телефонот, компанијата објави дека работи на ажурирање кое ќе овозможи поддршка за повисоки стапки на освежување на дисплејот кај двата смартфона.

Meizu сега официјално ја потврди објавата за ажурирање за корисниците на Meizu 17 серијата. Ажурирањето најпрвин, од 13. мај им беше достапно на медиумите кои го тестираа Meizu 17 Pro, а сега им е достапно на сите корисници на двата модела. Оние кои не сакаат да чекаат да се појави ажурирањето, можат рачно да го преземат и инсталираат од Flyme сајтот.

Ажурирањето овозможува поддршка за 120hz освежување на екраните за Meizu 17 и Meizu 17 Pro. Тука се и некои други функции, како што е репродукција на видеото и DC dimming.